Улогата на акустичната ринометрија во евалуацијата на носната празнина кај здрави лица и кај пациенти со алергиски ринитис

НЕТКОВСКИ Ј., ДОКИЌ Д.,

КЛИНИКА ЗА УВ0 НОС И ГРЛО, КЛИНИКА ЗА ПУЛМОАЛЕРГОЛОГША, КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, УНИВЕРЗИТЕТ “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”, СКОПЈЕ

Целта на истражувањето беше да се изврши квантитативна ултразвучна евалуација на носната празнина, како и да се утврди дали акустичната ринометрија може да ги открие промените во геометријата на носните празнини помеѓу здравите испитаници и пациентите со алергиски ринит
Во истражувањето бeа вклучени.41 пациент со перенијален (целогодиш.ен) алергискири-нитис со позитивна кожна реакција на екстракт од Dermatophagoides и 32 здрави испитаника. Акустично ринометриски мерења на носната празнина беа реализирани пред и по аплика-цијата на локален деконгестив, 1 % фениле-фринхидрохлорид, во двете испитуванигрупи.
Средните вредности за првата, втората и третата долина на ринометриската крива кај здравите испитаници беа поголеми од оние кај пациентите со алергиски ринитис пред апликацијата на локалниот деконгестив, Разликата помеѓу средните вредности за првата, втората и третата долина предипо апликацијата на локалниот деконгестив кај пациентите со алергиски ринитис (А1=0,28 сm2; А 2=0,14 сm2 ;A3=0,1 сm2) беше поголема од онаа кај здравите испитаници (А1*=0,14 cm2; А2*=0,09 cm2; А3*=0,08 сm2), што се долж.и главно на едемотна носната слузокожа кај алергискиог ринитис.
Резултатите од истражувањето покажувааг дека квантитативната евалуација на носната празнина,реализирана соупотреба на акустичната ринометрија, може даја откриe разликата помеѓуздравите испитаници и пациентите со алергиски ринитис на ниво на првата долина, односно во подрачјето со најмал напречен пресек.
Клучни зборови: алергиски ринитис, акустична ринометрија,

Акустичната ринометрија претставува современ метод за евалуација на носната геометрија, при што обезбедува валиден дводи” мензионален приказ на анатомијата на носната празнина. Техниката е доволно прецизна за да ги открие промените во васкуларната конгестија на носната слузокожа предизвикани од различни влијанија (1). Се користи за пред и постоперативна евалуација на пациентите подложени на септопластика, полипектомија, турбинектомија или турбинопластика (2). Овој метод наоѓа широка примена за сериски евалуации и корелации во склоп на бројни клинички испитувања, назални алергенски провокации и следење на фармако и имунотерапевтските ефекти кај пациентите со алергиски ринитис (3).
Риноманометријата, која до пред извесно време беше суверен метод за објективна процена на носната празнина, го користи протокот на воздух низ носните патишта. Меѓутоа, акустичната ринометрија не го мери воздушниот проток, така што постои можност и пациентите со силен степен на назална опструкција да бидат евалуирани без тешкотии. Едноставноста во изведувањето, неинвазивноста и минималната соработка потребна од страна на пациентот го прават овоЈ метод лесно применлив во секојдневната практика (4,5).
Целта на нашето истражување беше да се изврши квантитативна ултразвучна евалуаци-ја на носната празнина, како и да се утврди дали акустичната ринометрија може да ги открие промените во геометријата на носните празнини помеѓу здравите испитаници и пациентите со алергиски ринитис, пред и по апликацијата на локален деконгестив.

Материјал и методи
Преку проспективна студија беа обработени 41 пациент со перенијален (целогодишен) алергиски ринитис и 32 здрави испитаника. Сите пациенти со алергиски ринитис покажаа позитивна кожна реакција на екстракт од Dermatophagoides и анамнестички присуство на симптоми на целогодишен алергиски ринит: затнат нос, течење од носот и кивање во континуирано траење од неколку месеци.
На почетокот на испитувањето, секој испитаник пополни прашалник за тежината на присутните симптоми: носна опструкција,ринореа и кивање. Симптом скорoт беше рангиран од 1 до 5:1-нема симптоми. 2-слабо изразени симптоми, 3-умерено (средно) изразени симптоми, 4-умерено до силно изразени симптоми, 5-силно изразени симптоми.
Акустично-ринометриските мерења на носните празнини беа реализрфани пред и 15 минути по апликацијата на лсжален деконгестив, 1% фенилефрин хидрохлорид, во двете групи испитаници. Акустичниот ринометар се состои од генератор на ултразвук, спроводен тубус за ултразвучниот бран со надворешен носен адаптер и микрофон. По навлегувањето во носната празина ултразвучните бранови се одбиваат од нејзините ѕидови, се засилуваат, се филтрираат и стасуваат до компатибилен компјутер, кој ги анализира и на тој начин создава дводимензионална топографска мапа на носната празнина (грагикон 1). Долната носна школка анатомски кореспондира со првата долина на акустично-ринометриската крива, а се означува уште како подрачје со најмал напречен пресек во носната празнина. Втората и третата долина одговараат на предните и средните делови на средната носна конха.

Резултати
Здравите испитаници имаа средно помал скор за сите симптоми (носна опструкција, ринореа, кивање) од пациентите со алергиски ринитис. Студентовиот т-тест покажа статистички значајна разлика (р=0,01) за секој од симптомите помеѓу двете групи испитаници (графикон 2).

Графикон 2 – Споредба на средните вредности на назалната опструкција, пинореа и кивање меѓу здравите испитаници и пациентите со перенијален алергиски ринит пред апликација на деконгестив. Симптом скор: 1 -нема симптоми; 2-слабо изразени;
3-умерено изразени; 4-умерено до силно изразени;
5-силно изразени. Сингнификантна разлика за секој од симптомите помеѓу двете групи испитаници: п=0,01. з.и. – здрави испитаници; а.р. – пациенти со алергиски ринит
Средните вредности за првата, втората и третата долина беа поголеми кај здравите

Графикон 3 – Средни вредности за првата, втората и третата долина кај здравите испитаници и пациенти со алергиски ринит пред апликација на деконгестив н.с. -нема сигнификантност, з.и. – здрави испитаници; а.р -пациенти со алергиски ринит

испитаници од оние кај пациентите со алергиски ринитис, ед апликација на локалниот деконгестив. Меѓутоа, статистички значајна разлика постоеше само за првата долина (р=0,04) помеѓу двете групи испитаници, но не и за втората и третата долина (р=0,4) (графикон 3).
Разликата помеѓу средните вредности за првата долина пред и по апликацијата на локалниот деконгестив кај пациентите со алергиски ринитис (A1=0,28 сm2) беше сигнификантно поголема од онаа кај здравите испитаници (A1*=0,14 сm2) (p=0,01) Разликата, пак, помеѓу средните вреднoсти за втората и третата долина пред и по апликацијата на локалниот деконгестив (А^О.Н спг; А^=::0,09 сm2;
А^=0,1 ст2; Д^=0,08 сm2) не покажа статистичка значајност помеѓу двете групи испитаници (р=0,4) (таб. 1).
Долина Алергиски ринит Здрави испитаници р

Прва А1 = 0.28 сm2± 0.12 А1*=0.14 сm2±
0.90 0.01
Втора А2=0,14 сm2± 0.70 А2*= 0.09 см2 ± 0.40 0.4(н.с.)
Трета А3=0,10 сm2± 0,70 А3*= 0.08 сm2± 0.04 0.4(н.с.)

Табела 1. Приказ на разликите помеѓу средните вредности за првата, втората и третата долина пред и по апликација на локален деконгестив н.с. – нема СИГНИФИКАНТНОСТ

Дискусија

Најтесното место во носните дишни патишта, а воопшто и во целокупниот респираторен тракт, одговара на предниот пол на долната носна конха и е означен како носна валвула (6). Кај пациентите со алергиски ринитис најизразити промени во носната слузокожа настануваат во пределот на долната носна школка, поточно во подрачјето на носната валвула поради нејзиното богатство со венски крвни садови кои се со еректилна природа (7,8). Како последица на алергискиот инфламаторен процес, провоциран од инхалативни алергени кај сензибилизираните лица, конгестираната и хипертрофична долна конха доведува до намалување на димензиите на носната празнина и, следствено, до потенцирање на симптомите на опструкција (9). Во нашето истражување, со употребата на акустичната ринометрија откривме инверзен тренд помеѓу степенот на назалната опструкција и подрачјето со најмал напречен пресек пред апликацијата на деконгестивот. Имено, при пад на вредноста на површината на подрачјето со најмал напречен пресек, поради хипертро” фијата на долната конха, субјективната оцена за степенот на назалната опструкција беше во пораст. Меѓутоа, со акустичната ринометрија бевме во можност да ја откриеме разликата во одговорот на локалниот деконгестив помеѓу двете групи испитаници, односно кај пациентите со алергиски ринитис најдовме поизразен пад на вредностите за првата долина отколку кај здравите испитаници. Локалниот деконгестив доведува до повлекување на отечената слузокожа, што резултира со зголемување на димензиите на носната празнина и ублажување на симптомите на опструкција
(9).
Средната конха реагираше многу послабо на локалниот деконгестив споредено со дол-ната носна школка кај двете групи испитаници. Овој податок ја поддржува хипотезата за зависноста на симптомите, пред се на носната опструкција од промените во мукозата во подрачјето на долната носна школка (10,11). Од оваа опсервација се забележува дека средната носна школка придонесува многу помалку од долната конха во појавата на назалната опструкција кај пациентите со алергиски ринитис, што се должи на скудната застапеност на еректилни венски крвни садови во слузокожата на средната школка.
Заклучок
Резултатите од истражувањето покажува-ат дека квантитативната евалуација на носна-та празнина, реализирана со употреба на акус-тичната ринометрија, може даја открие раз-ликата помеѓу здравите испитаници и пациентите со алергиски ринит на ниво на првата долина,односно во подрачјето со најмал напречен пресек. Меѓутоа, ова не значи дека таков одговор на мукозата може да се искористи водијагностички цели, затоа што и други состојби, како на пример вазомоторниот ринитис, можат да предизвикаат слични промени во носната слузокожа, а не беа опфатени во ова истражување.

Summary

The aim of this investigation was to produce a quantitative ultra sound evaluation of the nasal cavity and to find out whether acoustic rhinometry can detect the changes in the geometry of the nasal cavities between normal subjects and patients with allergic rhinitis.
Forty one patients with perennial allergic rhinitis, who tested positive by skin test to dust mites (Derma-tophagoides) and thirty two normal subjects were tested. Acoustic rhinometry measurements of the nasal cavity were made before and after the administration of a topical decongestant, 1%phenylephrine hydrochloride in both groups.
The average values at the first, second and third valleys are higher in the normal subjects than those in the allergic subjects, before the administration of a topical decongestant. The difference between the average values at the first, second and third valleys before and after administration of a decongestant was higher in the allergic (А1=0,28 сm2; А 2=0,14 сm2 ;A3=0,1 сm2)) than that in the nornml subjects испитаници (А1*=0,14 сm2; А2*=0,09 сm2; А3*=0,08 сm2, due to swelling of the nasal mucosa in allergic rhinitis.
The results obtained show that one can detect a difference between normal and allergic patients at the first valley on the acoustic rhino metry graph.
Key words: allergic rhinitis, acoustic rhinometry

Литература
1. Fisher EW, Lund VJ, ScaddingGK. Acoustic rhi-nometry in rhinological practice: discussion paper. J R Soc Med 1994; 87; 411-13.
2.Grymer LF\ HilbergO, Pedersen OF. Acoustic rhinometry: evaluation of the nasal cavity with septal deviations, before and after septoplasty. Laryngoscope 1989; 99:1180-87.
S.GrymerLF. Clinical applications of acoustic rhinometry. Am J Rhinol 1994; 8: 288-89.
4.Elbrond 0, Hilberg 0, Felding JU. Acoustic rhi nometry: a new method to evaluate the geometry ofteh nasal cavity and teh epipharynx. Am J Rhinol 1991;5:7-9.
5.Hilberg 0, Jackson AC, Swift DL, Pedersen OF. Acoustic rhinometry: Evaluation of nasal cav ity geometry by acoustic reflection. J Appi Phy-siol 1989; 66:295-303.
6. Eccles R. Rhinomanometry and nasal challenge. Bo: Mackay J. Ed. Rhinitis. London, New York: Royal Society of Medicine Services. 1989:
7.Hilberg 0, Grymer LF, Pedersen OF, Elbrond 0. Turbinate hipertrophy: Evaluation of the nasal cavity by acoustic rhinometry. J Laryngol Otol 1993; 107:413-17.
8.Fisher EW, Scadding GK, Lund VJ. The role of acoustic rhinometry in studingthe nasal cycle. Rhinology 1993:31:57-61.
9.Corey JP, Kemker BJ, Nelson R, Gungor A. Evaluation of the nasal cavity by acoustic thinometry in normal and allergic subjects.Otolaryngology-Head and Neck Surgery 1997; 117: 22-8.
10.Fouke JM, Jackson AC. Acoustic rhinometry:
effects ofdecongestants and posture on nasal patency. J Lab Clin Med 1992; 119: 371-6.
11 .Lenders H. Pirsig W. Diagnostic value of acoustic rhinometry: patients with allergic and vasomo-tor rhinitis compared with normal conrols. Rhinology 1990; 28: 5-16.