7 АПРИЛ-СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

7 АПРИЛ-СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Традиционално, Македонско лекарско друштво и годинава со свечен собир ќе го одбележи 7 април, Светскиот ден на здравјето. Оваа година мото на Светскиот ден на здравјето е “Да им додадеме квалитетен живот на годините”. На присутните на свечениот собир ќе им се обрати проф. д-р Јован Тофоски. Исто така, ќе има предавање на темата со [...]

ТРЕТИОТ КОНГРЕС НА СЕЕМФ ОД 12 ДО 15 СЕПТЕМВРИ ВО БЕЛГРАД

Третиот конгрес на Форумот на лекарските асоцијации на Југоисточна Европа годинава ќе се одржи во Белград, Република Србија. Конгресот ќе се одржи од 12 до 15 септември. Првите два конгреса се одржаа во Варна (2010) и Несебр (2011) во Република Бугарија. Се очекува и оваа година големо учество на лекари од земјите членки на СЕМФ. [...]

“ДАРУВАЈ БУБРЕГ- СПАСИ  ЖИВОТ”

“ДАРУВАЈ БУБРЕГ- СПАСИ ЖИВОТ”

Здружението на бубрежно болни граѓани “Нефрон” со поддршка на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи- МНЗДТВО, Здруженијата на нефролози, уролози и анестезиолози при МЛД, на 8. април во Градската општа болница “8. Септември” го одбележаа  Светскиот ден на бубрегот. Оваа година манифестацијата се одвиваше под мото “Дарувај бубрег- спаси живот”. Гостите, лекарите [...]

ЕРМЕНИЈА ДОМАЌИН НА СОСТАНОКОТ НА EFMA-WHO

Состанок на EFMA-WHO, што се одржува секоја година, овој пат ќе се одржи во Еребан, Ерменија. Се предвидува состанокот да се трае два дена, на 19 и 20 април. По традиција на состанокот и овој пат ќе присуствува претставник на Македонско лекарско друштво.

ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРИЗНАНИЈАТА НА МЛД

Според традицијата Македонско лекарско друштво со повеќе манифестации ќе го одбележи 7 Април, меѓународниот ден на здравјето. Во рамките на одбележувањето на 7 Април ќе бидат доделени и традиционалните признанија на доктори по медицина, членови на Македонско лекарско друштво. Тоа се повелбата “Д-р Трифун Пановски”, плакети, дипломи и благодарници. Специјалистичките и подрачните здруженија предлозите треба [...]

УПРАВНИОТ ОДБОР ГО РАЗГЛЕДА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗЗЗ

Управниот одбор на македонско лекарско друштво на 28 февруари одржа редовна седница. На дневен ред беа повеќе актуелни прашања. Членовите на Управниот одбор расправаа по забелешките на Предлог- законот за здравствена заштита, анкетата на Хеалтгрупер, разговорите во ФЗО и друго. Во тие рамки беа земени и забелешките на специјалистичките и подрачните здруженија што пристигнаа до [...]

НАЈАВЕНИ КОНГРЕСИ ВО 2012 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Педијатриски денови од 20 до 22 април 2012 година, Струга Конгрес на ЗЛОМ од 26 до 29 април 2012 година, Скопје Конгрес на инфектолози   од 3 до 6 мај 2012 година, Охрид Конгрес на нефролози од 10 до 13 мај 2012 година, Скопје IX Конгрес на гастроентерохепатолози од 31 мај до 3 јуни, Охрид V [...]

© 2012 Македонско лекарско друштво Suffusion theme by Sayontan Sinha